Во домот Kalyna Care вашата приказна и вашите традиции се составен дел од начинот на кој живеете. Ако живеете со луѓе што ве знаат и разбираат, животот ќе биде полесен и за вас и за вашите најблиски.
Домот Kalyna Care, што се наоѓа западно од Мелбурн, ги разбира вашите потреби од лична и сочувствителна нега за постари лица.
Домот Kalyna Care ви овозможува поврзување со вашите традиции и со тоа што сте. Храната, јазикот, фолклорот, историјата, културното наследство и убедувања се составен дел од поврзувањето со вас и со вашата приказна.
Кога ќе стигнете во домот Kalyna Care ние ја запишуваме вашата приказна заради вас и заради вашето семејство, а истовремено тоа е нашиот начин да ве запознаеме вас и како можеме да се поврземе со вашето културно наследство и традиции.
Домот е уреден на европски начин, а многу членови на нашиот персонал се двојазични. Домот Kalyna Care нуди низа разновидни можности за начини на живот, а во него луѓето безбедно можат да шетаат наоколу. Зградата има централно греење, а во сите јавно достапни простории има поставено клима-уреди.
Има и погодни надворешни површини каде што станарите, нивните семејства и пријатели можат да уживаат. Домот Kalyna Care е проект на украинската заедница ама, иако многу од традициите се украински, многумина други исто така живеат во домот Kalyna Care, на пример, луѓе од Полска, Германија, Австрија и други земји.
Културен и духовен живот
Ние обезбедуваме опкружување слично на домашното, засновано на украинските и на европските традиции. Станарите имаат можност да го зачуваат сето она што им е важно, вклучувајќи го својот јазик, верските обреди во самиот дом, излети на приредби надвор во заедницата, храна и повторно склучување пријателства.
Програма за разонода во слободното време и за пријатен начин на живот
Нашите станари можат да уживаат во разновидна програма за разонода во слободното време и за пријатен начин на живот која е сосредоточена на одржувањето на здравјето, добросостојбата и традициите.
Нашите вредности
Почит
Разбирање
Поддршка и подобрување
Приватност и достоинство
Рамноправност и поттикнување
Сочувствителност
Трпеливост и сфаќање
Нега и придружба
Домот Kalyna Care нуди сместување, целосна исхрана, лична нега и 24-часовен надзор. За примање во домот Kalyna Care, било привремено поради одмена од нега, било трајно, потребно е важечко оценување од страна на Служба за оценување на потребите од нега за постари лица (Aged Care Assessment Service).
Ги поттикнуваме роднините и пријателите на станарите да доаѓаат на посета и да учествуваат во грижата за нивните најмили толку колку што самите сакаат. Роднините и другите блиски лица се вклучени во постапката за планирање на негата, а поединечните планови за нега редовно се разгледуваат заеднички со станарот и/или со неговиот застапник.
И станарите и нивните гости можат да се одморат и да уживаат во домашното опкружување и услови што ги пружа нашиот Дом. Трпезаријата е отворена за посетителите, а со претходен договор може да се добијат оброци по ниски цени.
Роднините и пријателите исто така ги поттикнуваме да ги водат станарите дома или на прошетки надвор од домот, а станарите можат, ако нивното здравје им го дозволува тоа, да одат на одмор ако сакаат.
